Прилепчанец со нож, во Струга барал седативи

52 годишен жител на прилепско село, во Струга направил вистински хаос кога со нож барал седативи од аптекар а потоа им се заканувал на полицајците.

Тој заработил кривична пријава.

Според соопштението од канцеларијата за односи со јавноста при СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела ,,разбојништво“ и ,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.Д.(52) од прилепското село Ново Лагово.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, информира дека пријавениот, казнените дела ги сторил на 18-ти овој месец во 09 часот и 15 минути пред аптека на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Тука го забележал вработениот во аптеката и видно агресивно, со нож во рацете и со закани по неговиот живот, побарал да му даде седативи. Вработениот успеал да се сокрие во аптеката и настанот го пријавил во полициската станица, каде набрзо пристигнале полициски службеници.
-При нивната интервенција, пријавениот со ножот во рацете пружал активен отпор и продолжил со закани кон униформираните полициски службеници. Тој е приведен во полициска станица каде со него е извршен разговор, изјави портпаролот Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани