Ќе се конституира советот на општина Охрид

Првата конститутивна седница на Советот на Општина Охрид ќе се одржи денес.

Првата конститутивна седница што ќе се одржи во големата општинска сала е закажана врз основа на член 37 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007) и член 4 од Деловникот за работа на Советот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.16/2014). Првата седница ќе се одржи со следниов дневен ред: Избор на Комисија за верификација, избори и именувања и Верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани