На 01. ноември 2017 (среда), во манастирот „Св.Климент и Св. Пантелејмон“, Плаошник – Охрид, со почеток во 8.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преп.Прохор Пчински и прен.на мошти на Св.Јован Рилски“ на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.
На овој ден богослужба ќе има само во манастирот „Св.Климент и Св. Пантелејмон“ на Плаошник – Охрид (едноцрквие).
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овие празници.
