Приведен охриѓанец, извршил нарушување во угостителски објект.
На 02.03.2022 година во 07.30 часот во СВР Охрид приведен е Ј.Ѓ.(36) од Охрид. Тој, претходно, во угостителски објект лоциран на улицата „15 корпус“ во Охрид го нарушил јавниот ред и мир и бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
