Двајца охриѓани се лишени од слобода по пријави за закани и насилничко однесување во семејството.
На 18 август во 10:50 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 68-годишниот П.Т. од охридско село, по претходна пријава дека им се заканувал на 62-годишна жена и нејзиниот син, исто така од селото.
Истиот ден во 15:30 часот, во Охрид, бил лишен од слобода и 35-годишниот Џ.Т. Тој, според пријавеното, во семејниот дом агресивно се однесувал кон членови на семејството, по што физички го нападнал 33-годишниот Т.О. од Охрид.
Од СВР Охрид информираат дека по целосното документирање на двата настани, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
