Приведени поранешни функционери и пратеници

Утрово, по налог на јавен обвинител, уапсен е Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност во МВР.

Отворена е истрага  против него за насилствата од 27 април во Собранието.

Чавков досега не беше повикан на распит во Обвинителството за организиран криминал, туку во утринските часови беше затекнат и уапсен од полициските екипи.

Приведени се уште 15 -тина лица  меѓу кои пратеници и граѓани кои се најдоа на 27 април во Собранието.

Помеѓу нив се и актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, пратеничката Жаклина Стефановска, пратеникот Крсто Муковски. На разговор во полиција бил повикан и  пратеникот Љубен Арнаудов од Охрид, кој со полициска придружба е сипратен за Скопје. Полицијата го барала и Сашо Василески но тој бил недостапен. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани