Сообраќајот на државните патишта се одвива пo претежно влажни коловози. На повисоките места во североисточните и источните делови од државата наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на екипите на Мак. Пат.
Поради појава на магла, видливоста на планинските премини Плетвар и Ѓавато е намалена до 100 метри.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
