Во Вевчани продолжуваат градежните активности за подобрување на локалната патна инфраструктура. Во тек е асфалтирање на локална улица во месноста Китано Плевне-Бебекој.
За реализацијата на овој зафат информираше градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски, посочувајќи дека станува збор за уште една активност насочена кон подобрување на условите за живот на жителите.

Со асфалтирањето на улицата се очекува да се подобри безбедноста и пристапноста за жителите, како и поквалитетно поврзување во овој дел од општината.

Локалната самоуправа најавува дека и во наредниот период ќе продолжи со реализација на инфраструктурни проекти со цел унапредување на комуналните услови во Вевчани.
