Промотивна кампања „Летувај во Охрид“

Со промотивна кампања „Летувај во Охрид“ главниот туристички центар  оваа сезона ќе привлекува гости.  

 Хотелиерите нудат  атрактивни пакет аранжмани , конкурентни на земјите од соседството и прилагодени  на џебот на домашните гости.

Туристичките и хотелските  работници за прв пат во корона кризата  обединети, заеднички настапуваат  на скромниот, поради пандемијата,  туристички  пазар.

„Мора да се стави акцент на привлекување на домашните гости и со оглед на тоа се одлучивме на една промотивна кампања која што се надеваме ќе вроди плод и ќе имаме што повеќе туристи меѓутоа акцентот ќе го  ставиме и на  нашите соседи“, вели Јаким Маленко  сопственик на туристичка агенција.

Во пикот  на сезона јули и август  за 200 евра  на брегот на Охридското езеро за прв пат се нуди седумдневен аранжман во хотел со четири ѕвезди.

-Цената е многу пристојна Охрид има што да понуди. За таа цена вреди да се дојде во Охрид и да се летув во Охрид бидејки езерото си има свои убавини и природни реткости. Мислам дка многу луѓе ќе ги искористат овие промотивни цени и ќе дојдат и ќе летуваат во Охрид“, вели Маленко.

И дел од туристичките агенции во Србија  ја поддржаа кампањата „Летувај во Охрид“ вметнувајќи го градот во своите понуди.   Градоначалникот Георгиески најави дека  и општината ќе  се вклучи во промотивната кампањата на туристичките работници.

 За спас на туризмот како најпогодена гранка од пандемијата, Агенцијата за промоција на туризам  во земјава реализира кампања „Дома си е дома“.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани