Промовирана книгата „Коста С. Шахов Публицистика“ на професорот Томе Груевски.
Вчера вечер книгата беше промовирана во ЦК „Григор Прличев“ Охрид. Ова дело е повод 155 годишнината од раѓањето и 100 годинината од смртта на основоположникот на македонската журналистика. Коста Шахов од Охрид е една подзаборавена, но многу значајна личност, неодминлив деец во македонската национална и културна историја кој е заслужен во неговата работа на полето на новинарството.
-Коста Шахов колеги е наш колега новинар кој објавувал и издавал и бил главен уредник и сопственик точно на 11 весници и уште на тплку други бил соработник а и на друг весник бил главен уредник. Тоа значи дека целата негов архива е поврзна со издавање весници со новинарство со организрање на македонската миграција не само во Софија туку и во цела БугаријаТој бил личен пријател и најблизок соработник на Гоце Делчев, Горче Петров, Даме Груев , вели Томе Груевски автор на книгата.