Прва релативно мирна ноќ во Охрид

Прва релативно мирна ноќ во Охрид. Синоќа, пред полноќ   три земјотреси со јачина 3,9, 2,5 и 3,7  го потресоа охридското епицентрално подрачје. Но за прв пат, после долги денови, по полноќ граѓаните и туристите спиеја мирно. 

 

 

Првиот земјотрес од 3,9 степени    ги вознемири граѓаните  во 21 часот и 31 минута. Епицентарот на земјотресот беше на 6 километри источно од Косел, на длабочина од 5 километри.

 

Вториот во  21 часот и 58 минути , а третиот  во 22 часот и 52 минути. Ноќта мина мирно. 

 

Утрово, во 07часот  11 минути   е регистриран еден помал потрес  со јачина од 2,1 степен  Сите на неколку километри околу селото Косел. 

 

Од 18 јуни до денеска во Охридскиот регион се регистрирани над 1.200 земјотреси.

Најсилниот беше со магнитуда од 5 степени по Рихер  и предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а беа пријавени и помали материјални штети.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани