Македонски и унгарски тимови ќе го истражуваат Охридското езеро

Експертски тимови на охридскиот Хидробиолошки завод и на Институтот за нуклеарни истражувања од Дебрецен-Унгарија, ќе вршат истражувања на Охридското езеро.

На 10-ти овој месец, ќе започнат заедничките истражувања на Охридското Езеро што Хидробиолошкиот завод од Охрид ќе ги реализира со Институтот за нуклеарни истражувања од Дебрецен, Унгарија. Во врска со предвидените активности поврзани со ова значајно истражување, Хидробиолошкиот институт и Институтот за нуклеарни истражувања повеќе информации ќе изнесат на прес конференција што ќе се одржи на 10.07.2017 (понеделник) во 12:00 часот во просториите на Хидробиолошкиот завод. На прес конференцијата покрај претставници од двата инстутити и истражувачкиот тим, ќе присуствува и Неговата Екселенција, Амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, д-р Ласло Иштван Дукс.

 

Social profiles