Охриѓани со денови спијат во автомобили, по паркови, плажи и кампови.Туристите секојдневно го напуштаат градот. Викенд становите останаа празни.
Станоиздавачите велат им се откажуваат резервации. Загрижени стравуваат дека ќе пропадне сезоната.
– Градот пред да почнат земјотресите беше преполн. 00 58 Очигледно е напуштање на градот. За жал ако продолжи вака од сезоната ќе нема ништо, вели Љупчо Арнаудов- станоиздавач.
– Од земјотресите се исплашија многу па си заминаа дури и холанѓаните. Тие не се навикнати живеат во рамница немаат земјотреси, па ова им е чудно. Дури и холанѓани има што ги познавам што заминаа порано, вели еден езерски такси превозник.
Пред една недела Охрид беше преполн со туристи, денес е полупразен. Преку ден е мирно, но ноќите се претворија во кошмар од бројните земјотреси. Дваесетина денови охриѓани живеат во страв и паника, тлото секојдневно се тресе. Регистрирани се над 1200 потреси.