Прва, уметничка колонија во Трпејца

Од денеска до петок во Трпејца ќе се одржува Првата уметничка колонија „Трпејца, 2018“.

 

На нејзиното прво издание учествуваат петмина уметници од Македонија: Гоце и Владимир Илиески, Свето Стефаноски од Скопје , Ѓоко Симјаноски и Слободан Пупиноски од Охрид.Уметниците ќе творат во живописните предели во и околу Трпејца а во догледно време од создадените дела ќе биде отворена и изложба.
Утре, уметниците ќе се дружат и заедно ќе сликаат со учениците од подрачното ОУ „Св.Наум Охридски“ во Трпејца.
Иницијатор и организатор на колонијата е Здружението „За Трпејца со љубов“ финансиски помогнато со средства од проектот Нов културен бран на Министерството за култура на РМ.
Организаторите планираат колонијата да стане традиционална и да биде интернационална.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани