ПРВИ ВО РЕГИОНОТ ВЕВЧАНСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ВО ШУТИРАЊЕ ПЕНАЛИ НА МАЛИ ГОЛЧИЊА

На 30-тите регионални пензионерски спортски натпревари, кои се одржаа на 14 јуни 2026 година во Дебар, Вевчанските пензионери предводени од претседателот на ЗП Вевчани Витомир Костојчиноски, меѓу силната конкуренција на Здруженијата спортисти од четвртиот регион: ЗП Охрид и Дебрца, Струга, Кичево, Македонски Брод,  Дебар и Центар Жупа и Лабуништа, кои зедоа учество во повеќе дисциплини, во најдобро светло се покажа машката екипа од Вевчани за шутирање на пенали на мали голчиња во состав на Јован Лазороски, Мишо Попоски и Ѓоко Мурѓески, кои го освоија Првото место со постигнати 15 голови, без ниеден промашен пенал.

Оваа екипа се пласира за учество на Републичките пензионерски спортски натпревари кои ќе се одржат во септември по повод Денот на пензионерите -20 септември во Скопје.

На здружението и на победничката екипа им беа врачени Дипломи за учество и за освоено прво место од страна на организаторот Сојузот на пензионери на Македонија, а ги врачи потпретседателот на Извршниот одбор на СЗПМ Музафер Муртезани, заедно со претседателот на ЗП ДЕбар Петрит Имами.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани