Работилница за штетноста од енергетски пијалаци, алкохол и сајбер насилство

Во просториите на ученичкиот ресторан при Регионалниот центар „Ванчо Питошески“ на 25 февруари 2026 година се одржа едукативна работилница на тема „Зошто младите консумираат енергетски пијалаци и алкохол и кои се последиците со кои би можеле да се соочиме?“.

Целта на работилницата беше да се подигне свеста кај учениците за ризиците од прекумерна и секојдневна консумација на енергетски пијалаци и алкохол, како и за можните здравствени и психолошки последици.

Пред учениците свое излагање имаа и претставници од СВР Охрид – Отсек за превенција, кои ја обработија темата „Сајбер насилство“, укажувајќи дека многу ситуации кои на прв поглед изгледаат безопасни, можат да предизвикаат сериозна и долгорочна штета, особено врз психата и нормалното функционирање на младите.

Работилницата ја водеше професорката по психологија, а присутни беа и воспитувачите и дефектологот на училиштето.

Особено силен впечаток кај присутните остави личното сведоштво на ученик кој зборуваше за последиците што ги чувствува по зголемено и секојдневно консумирање енергетски пијалаци.

Најголем интерес кај учениците предизвика токму темата за сајбер насилството, што уште еднаш ја потврдува потребата од континуирана едукација и превенција во училиштата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани