Работна средба на градоначалниците на Вевчани и Дебрца 

Градоначалниците на Вевчани и Дебрца, Спасе Кочоски и Златко Сиљаноски, остварија средба на која разговараа за  тековните приоритети на општиите, реалните потреби на граѓаните и можностите за унапредување на локалниот развој.

На средбата посебен акцент беше ставен на идните инфраструктурни проекти, подобрувањето на локалните услуги, како и на иницијативи кои треба да обезбедат долгорочни придобивки за жителите на општината. Соговорниците ја нагласија важноста од координиран пристап и заедничко делување со цел создавање подобри услови за живот.

Беше изразена заедничка подготвеност за продолжување на конструктивната соработка и посветеноста кон реализација на проекти во интерес на сите граѓани на општините.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани