Расте бројот на несреќи во планина, во пресрет на зимата апел за поголемо внимание

Во пресрет на  официјалниот старт на зимската сезона од Планинската спасителна служба апелираат на поголемо внимание при посета на планина. Изгубени, дезориентирани, паднати и повредени  во провалија се најчестите интервенции на планинската служба. Од таму потсетуваат дека од 15 ноември повторно ќе биде затворен патот Охрид Ресен преку  Галичица. Токму на овој патен правец во зима се најчестите интервенции на  заглавени возила и завеани лица.

Граѓаните да ја почитуваат забраната, да не се движат по овој исклучително опасен пат.

-Статистиката на меѓународно ниво  на исчезнување расте бројот на потреги е споголем во светски рамки како тренд и кај нас. За жал најчесто интервениравме на заглавени возила иако апелиравме луѓето да ги почитуваат забраните бидејки за жал патниот правец ке речам и ние би сакале да е отворен но е затворен и секое непочитувањена поставената сигнализација е прекршок и загрозување на сопствената безбедност. Луѓето кои се одлучуваат да се рекреираат во планина да ги почитуваат пред се природните зкаони на планината и условите да бидат подготвнеи и едуцирани. И навремено да побараат помош  , вели Антонио Додески од Планинската спасителна служба.

Планинската спасителна  служба добива финансиска поддршка од општина Охрид, но  не од Струга. Планинарите велат  многу често интервенираат во струшкиот  регион, трошат ресурси,спасуваат животи,  а не добиваат никаква поддршка од надлежната општина. Сите општини во регионот треба да дадат финансиска поддршка за фунцкионирање на службата која е од особено значење за овој атрактувен туристички регион да биде безбеден.

-Единствен проблем е недостигот на финансии немањето поддршка од општините засега само општина Охрид изразува делумна поддршка од она што беше планирано која ги задоволува дел од потребите но целосно. Тука особено заостанува поддршката од општина Струга иако ете последниот случај и потрагата по белгискиот државјанин беше на територија на Струга ние немаме од нив никаква поддршка, ниту комуникација, додава Додески.

Планинарската спасителна  служба има современа потребна опрема и брои  20 професионални  спасители со  проширен тим од околу 30тина лица потпомогнати од здружението Куче спасител.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани