ФОТО: Пожар во безистенот во Струга

Се запали безистенот во  струшката чаршија.  Претпладнево огнот  избувна во едно од кафулињата на последниот кат во објектот. Огнените јазици се проширија кон покривот, а чадот и кон соседните дуќани. Вработените и посетителите на безистенот, кој дејствува како трговски центар со голем број дуќани и угостителски објекти,  преплашени веднаш го напуштија објектот.  Нема повредени, причинета е само материјална штета.

Сведоштва од граѓани:

Беше страшно. Дојде пожарната, па двете дојдоа пожарни изгаснаа тоа што можеа. Нема што друго гореше  горе, да беше долу ќе беше пострашно.

Објектот е добар беше добар сега така е останат треба да се реновира сега кој го купил како се продава не знаеме што се прави.

На терен интервенираше противпожарната единица со три возила и единаесет пожарникари. После два часа интензивно гаснење се спречи проширување на огнот кон останатите дуќани.

-Пожарот е пријавен во 09 30 екипата противпожарна одма се излезе. Стигнавме на лице место на време бидејки можеше да се прошири голем пожар да стане можеше да се прошири и во другите објекти го спречивме пожарот  , вели Фети Мазари конадир на ТППЕ Струга.

Причините за пожарот  дополнително ќе се испитуваат, првично се претпоставува дека се работи за неисправна електрична инсталација.

 

Social profiles