Се гради канал за атмосферски води во село Велгошти

Во тек се градежни активности за изведба на канал за атмосферски води во село Велгошти.

-Со овој зафат го решаваме горкиот пролем на жителите кои при врнежи се поплавуваа. Вредноста на овој зафат изнесува околу 4 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Согласно проектот предвидено е на истиот потег по завршувањето на овие градежни активности да започнат активности за замена на старата и дотраена водоводна линија со нова, по што ќе следува поставување на нов асфалт на целата улица, информираат од општина Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани