Реакција на ВМРО Охрид за кружниот тек на „Железничка“

Грижата за граѓаните којашто треба да ја има Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески е сведена на минимум, обвинуваат од ОК на ВМРО ДППМНЕ Охрид.

-Наместо подобрување на безбедноста и протокот на возила на крстосницата меѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“ се гради цел кружен тек којшто не е соодветен за оваа делница.
На тој дел транзитот е максимално загрозен и поради тоа е зголемен бројот на сообраќајни незгоди.
Дали за Георгиески со тоа не е максимално загрозен сообраќајот и тоа не е многу опасно и животозагрозувачки?
Со самиот факт дека никој не презема одговорност за таков проект истото се докажува.
Зошто надлежните интституции не преземаат ништо, ниту СВР, ниту градежен инспектор знаејќи дека сѐ се прави на своја рака и незаконски?
Георгиески да одговори дали постои некаква градежно-техничка документација (Проект, Одобрение за градба или за Реконструкција)?
Неспособноста и несериозноста на Георгиески можат да чинат човечки животи.
За ваквото незаконско работење ќе поднесеме соодветни пријави до надлежните институции, стои во соопштението до јавноста. 

Social profiles