Реакција на НЗ ,,Храбро срце” за состојбите на Кардиохирургија

По повод новонастанатата ситуација во здраството а по однос на настаните кои најмногу ги засегаат пациентите кои се во краен стадиум на срцева слабост, во име на НЗ “Храбро срце„ ја пренесувам следната реакција.

НЗ “Храбро срце„ најостро ги осудува честите егзибиции од страна на надлежните власти во врска со државната клиника за кардиохирургија но и неодамнешното растурање на тимот за срцеви трансплантации односно предвременото раскинување на договорот со националниот лидер за срцева трансплантација а со тоа и ставање во колапс на целата програма за срцева трансплантација во Македонија.

Наместо министерот во заминување да предизвикува кризи во здравството подобро е да ги имплементира веќе донесените одлуки од страна на владата (22.01.2024г службен весник) за ослободување од плаќање партиципација за здравствени услуги за лицата со вградена механичка циркулаторна потпора на срце (вад и биВад) уреди.

Со ваквите чести смени на министри, директори а и останатите кадри кои го одржуваат и развиваат овој дел од здравството се прави невидена и ненадоместлива штета на пациентите кои чекаат шанса за продолжување на животот преку срцева трансплантација но и на оние кај кои спасувањето и продолжувањето на животот е под знак прашање од непреченото работење на клиниката за кардиохирургија во државава.

Државната клиника за кардиохирургија во изминатиот период покажа и докажа дека има капацитет да се носи рамо до рамо со светските центри и покрај лошите инфраструктурни капацитети кои треба да се надминат со вложување во изградба и опремување на клиниката а не со честа промена на кадри во рамки на истата. Честата промена на кадри во рамки на државната клиника е веројатно обид за покривање на неспособноста од надлежните власти за одржување и обновување на државното здравство но и нешто многу поголемо кое се крие зад евентуални лични бизнис интереси поврзани со приватното здравство.

Во име на НЗ “Храбро срце“ но и во мое лично име апелирам до идната влада која набргу би требало да биде формирана да отпочне со длабоки реформи во државното здравство преку вложување во инфраструктурно подобрување и вложување во современа опрема за докторите од државното здравство да можат да си ја работат беспречено својата работа и да ја истакнат својата стручност во максимални рамки. Исто така наместо да се прави раздор во државното здравство поради политички поени апелирам да се стават стручните и компететнти кадри да си ја работат својата работа.

Директорските позиции не треба да се гледаат како шасна за задавање на последниот удар на државата и предизвикување општа криза во истата поради немање на капацитет и здрелост за преболување на политички неуспех.

Сосема за крај во име на НЗ “Храбро срце„ и во свое лично име давам потполна поддршка за расчистување на новонастанатата криза во ДКХ и апелирам да се сопре министерот за здравство во очајниот обид за рушење на цела гранка во здравството само поради лично его, да се остават стручните доктори заедно со директорот на ДКХ Dr. Marjan Shokarovski да си ја вршат непречено работата бидејќи како најтешко ранливи пациенти на кои им е вградена механичка циркулаторна потпора на срце и кои чекаме трансплантација на срце за да го продолжиме нашиот живот најдобро знаеме дека државната кардиохирургија во изминатиот период работеше беспрекорно и дека докторите и сиот медицински персонал во клиниката се со инзвонредно искуство и стручност. Секогаш го даваат својот максимум за да го извлечат најдоброто за пациентите и покрај лошите инфраструктирни услови.

Исто така сакам да дадам апел и до тимовите за трансплантација но и до тимот од ДКХ да ги земат во предвит пациентите со механичка циркулаторна потпора на срце и конечно да се случи и првата трансплантација на срце на пациент со вградена механичка циркулаторна потпора бидејќи во разговор со кардиохирурзите тие се свесни дека животот на пациентите со механичка циркулаторна потпора е крајно загрозен, дека овие пациенти во светот се приоритет број еден за трансплантации и дека механичката циркулаторна потпора е мост до трансплантација кој се вградува во исклучителни случаи за да го одржи пациентот жив до наоѓање на компактибилен орган, стои во јавната реакција на Васко Јолески – претседател на НЗ “Храбро срце“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани