Казнети возачи за непрописно претекнување

Засилени сообраќајни контроли, казни за непрописно претекнување.

На 31.05.2024 година од 14 до 20 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 11 возачи на моторни возила, кои извршиле престигнување на други моторни возила на непрегледни и места, каде тоа е забрането со сообраќаен знак (Охрид-02, Струга-05, Кичево-04), стои во билтенот на СВР ОХРИД.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани