По прес конференцијата на секретарот Александар Китески реакција на ОО на СДСМ Охрид.
Секретарот на општина Охрид, Александар Китески, ем се решил во работно време да претрча на прес пред јавното обвинителство, ем заборавил со него да ги понесе документите кои потврдуваат конфликт на интереси и непотизам во општината во која работи. Ги предаде ли Китески документите за двајца сопружници во општината кои заеднички се потпишуваат на документи “изработил и одобрил” одобрение за градба?!
Ништо не е сменето во ДПМНЕ. За нив држава и партија е едно исто. Злоупотреба, закани и лаги се нивна одлика. Охриѓани ја препознаваат разликата и затоа на претстојните избори ќе бидат поразени, стои во реакцијата на СДСМ Охрид.