Регионална работилница со општинските изборни комисии во Охрид

Регионална работилница со општинските изборни комисии во Охрид.

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива во соработка со Државна Изборна Комисија, во рамките на Проектот : Зголемување на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес, на 27 Април 2018 година во 11 часот, во сала на Совет на општина Охрид ќе оддржи регионална работилница за Општински Изборни Комисии ( Охрид, Струга, Кичево, Македонски Брод, Пласница, Дебарца, Вевчани).

Работилницата е со тема: КОМУНИКАЦИЈА И ПРИСТАП КОН ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ. Сесиите се состојат од интерактивни презентации, насоки и примери за ефикасен пристап и комуникација со лица со различен вид на попреченост, наодите од истражувањето за Учество на лицата со попреченост во изборниот процес во РМ и насоки за организирање на пристапни избори (едукација, материјали и информирање).

Social profiles