Реконструкција на локалната улица Ќитано плевне – Бебекој во Вевчани

Во тек се градежни активности за целосна реконструкција на локалната улица на потегот Ќитано плевне – Бебекој.

Со проектот е предвидена комплетна реконструкција и ново асфалтирање на коловозот, со што ќе се подобри безбедноста и квалитетот на сообраќајот за жителите од овој дел на градот.

Покрај обновата на коловозната површина, ќе се изведе и нова подземна инсталација за улично осветлување, како и монтажа на нови канделабри, што ќе придонесе за подобра видливост и зголемена безбедност во вечерните часови.

Со оваа интервенција, локалната самоуправа продолжува со инфраструктурни зафати насочени кон подобрување на условите за живот и модернизација на урбаната мрежа.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани