Рекордно високи цените на горивата

Македонија се наоѓа на прагот на нов нафтен ценовен шок. 

Од денеска, Дизелот има нова рекордна цена, највисока во оваа година. Сега тој се продава за 69 денари по еден литар..
Денешната цена на дизелот е на нивото од 2013 година и под рекордот од јуни 2008 година кога беше 76 денари за еден литар. Тогаш барел нафта на светските берзи чинел 140 долари, а денеска чини 84 долари.
Само од почетокот на годината дизелот е поскап за скоро 15 денари по литар што значи дека за помалку од 10 месеци, тој станал поскап за повеќе од четвртина од својата цена или нешто над 26,5%.
Па така, во декември лани, литар дизел се точел за 54,5 денари за до денеска, заедно и со новата акциза која ја воведе владата на почетокот на годината ја достигне сумата од 69 денари за еден литар.
Дизелот како гориво е клучен во речи си секој бизнис каде што транспортот е дел од импутот во производството.
Зголемената цена од над 25% значи и зголемени трошоци за компаниите за ист толкав износ што отвора простор за нов бран поскапување на сите производи во малопродажба.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани