На репертоарот на ЦК „Григор Прличев“ „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс во режија Софија Ристевска Петрушева.
Играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски
Режија: Софија Ристевска Петрушева
Превод: Јасмина Петровска
Сценограф: Михаел Димитровски
Костимограф: Андреј Ѓеоргиевски
Кореограф: Кире Миладиноски
Фото и дизајн: Петар Тасевски
„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби.
-Софија Ристевска Петрушева
Билетарата на театарот работи секој ден од 10:00 до 20:00 ч
„Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс, 20 ОКТОМВРИ 2018 (сабота) – 20:00 ч. влез: 200 ден.
