Реновирана е детската градинка „Развигорче“

Денеска е пуштен во употреба реновираниот објект на на детската градинка „Развигорче“.

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на детската градинка „Јасна Ристеска“ и 7 ноември Денот на одбележување на ослободувањето на Охрид, денеска свечено беше пуштен во употреба реновираниот објект „ Развигорче“. На свеченоста му беше доделена благодарница на градоначалникот Јован Стојаноски, а признанија добија и вработени во ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“. Реновирањето на детската градинка е дел од регионалниот проект „Изведба на енергетски ефикасни објекти во Југозападниот Плански Регион”.Со средства обезбедени од Центарот за развој на Југозападниот плански Регион извршена е промена на старата дотраена дрвена дограма со нови ПВЦ прозорци и врати а поставена е нова енергетски ефикасна термо фасада и променети се санитарните јазли.Со средства на Општина Охрид и ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ извршена е промена и на старата канализациска мрежа.Вкупната вредност на проектот е речиси 3 милион денари, од кои 2.400.000 се обезбедени преку програмите на Бирото за регионален развој, а 500.000 денари се учество на Општина Охрид и ЈОУДГ „ Јасна Ристеска “.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани