Охрид како привлечна туристичка дестинација наскоро ќе биде прикажан на турската НТВ телевизија откако викендов неколкучлена тамошна екипа сними репортажа во градов.
Гостите од Турција се запознаа со културно – историските знаменитости на Охрид и со вкусните охридски специјалитети.
Во репортажата ќе бидат опфатени убавините на старото градско јадро со специфичните охридски занаети, копаничарство и охридскиот бисер, а ќе бидат прикажани и убавините на манастирскиот комплекс „Св. Наум“. Пред екипата од новинари и камермани беше подготвено охридското ѓомлезе, а гостите беа запознаени и со начинот на лов на риба.
Турската екипа беше и во посета на Скопје и Битола,а кај нас беа во организација на македонскиот Конзулат во Истанбул во соработка со Општина Охрид.