Родителите од Струга на протест, нема кој да им ги згрижи децата

Родители и деца на протест пред општина  Струга. Од  втори септември, најмладите наместо згрижени  во градинка, тие  беа вратени дома. Градинката „Осми март“ нема   доволно персонал, а повеќе од еден месец нема ниту директор.

Поради недостиг на воспитувачки и негователки, не  работат групите со  јасли  во објектите „Сонце“  и  „Пеперутка“.  Дел од повозрасните  деца се згрижуваат, но само до пладне до 12ч.

Од јуни во струшките градинки не им се  продолжени договорите  на 20 тината времено вработени. Родителите револтирани, велат  спречени да одат на работа, бидејќи нема кој да се грижи за нивните деца,  на денњшниот протест побараа одговорност од надлежните  и итно  решавање на проблемот.

-Немаме доволно негователки и воспитувачки немаат договори не им се продолжени. Тешко е сама сум роднини немам, старите ми се починати. Сама се справувам некако се снаоѓам големите одат во градинка, но сега имаме проблем со негователките. Се надевам што побрзо да се реши овој проблем, Дрита Бајрами Костојчиноска  родител на три деца.

Некои родители се принудени своите деца да ги носат со себе на работа.

-,Децата нема кој да ни ги чува дома, на работа сме и јас и сопругот имаме голем проблем. Едното е три години другото пет в градинка нема кој да ги чува до 11 30 најдоцна 12 часот  треба да ги земеме.Одам ги земам на работа, со три деца седам на работа тоа е тешко“  вели Беса Шеи родител на три деца.

Во јануари годинава протестираа негователките и воспитувачките од детските градинки во Струга, кои со години работат со договори на дело, некои и повеќе од една деценија, за месечен надомест од десеттина илјади  денари.  Бараа редовно  вработување или минимална плата со здравствено и пензиско осигурување, но и по девет  месеци проблемот не им е  решен.  Тие  немаат никакви договори, останаа дима, без работа.

-Тие направија поголема работа од сите функционери во оваа држава, тие тоа го праве од љубов ти се нашите херои . Заслужуваат да се реи нивниот статус а со тоа ќе се реши и нашиот проблем, вели Јованчо Мацески родител.

-Апелираме институциите што побрзо да го решат проблемот за да не се преземат дополнителни мерки. Мораме да си ги земаме децата во 12 часот а не сме во можност ние не мижеме да одиме на работа“ вели Лилјана Тасеска родител.

Градоначалникот Рамис Мерко ги прими родителите на разговор,вината ја префрли во министерството за труд и социјална политика. Најави дека ќе биде отворен нов конкурс за директор на градинката.

-На директорката му помина мандатот побаравме друго лице да прифати за директор, не прифаќа никој, а со тоа се создаде овој хаос.  Денеска наредив нов конкурс ако не рпифаќаат од внатре за директор ќе прифати може човек од надвор да биде директор на градинките“, рече Мерко.

Инаку  во струшките градинки дневно се  згрижуваат  над 500 деца, а општина Струга со одлука на совет од септември ја зголеми цената с=за престој во градинка од 1500 на 2000 денари.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани