СДСМ-Охрид со критики за работата на локалната власт

Опозициската СДСМ од Охрид денеска упати серија критики кон работата на локалната самоуправа и градоначалникот, оценувајќи дека во изминатите 200 дена владеењето се карактеризирало со нетранспарентност, популизам и, како што наведоа, злоупотреба на јавните средства.

Од партијата обвинија дека наместо отчетност пред граѓаните, локалната власт се обидува да ја дефокусира јавноста од, како што посочија, наодите во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Забелешките нотирани во извештајот со сериозни индиции за злоупотреби на јавните пари на охриѓани, јасно ја отсликуваат лукративната визија на оваа локална власт предводена од градоначалникот“, порачаа од СДСМ-Охрид.

Во обраќањето беше критикувано и, според нив, нерамномерното распределување на буџетските средства, при што дел од секторите биле запоставени, додека јавните претпријатија и институции функционирале со зголемени трошоци и долгови.

Од опозицијата тврдат дека граѓаните се соочуваат со поскапувања, намален животен стандард и, како што наведоа, непродуктивно трошење на јавните средства.

Ќе има одговорност! За секој еден. За секоја злоупотреба. За секој потрошен денар од парите на охриѓани“, истакнаа од партијата.

СДСМ-Охрид побара одговорност и за состојбите поврзани со статусот на Охрид во УНЕСКО, загадувањето, урбанистичкиот хаос, дивоградбите и состојбата во јавните претпријатија, оценувајќи дека градот се соочува со сериозни проблеми во повеќе области.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани