Новиот состав на Советот на општина Струга ќе се конституира денеска.
На свечена седница, денеска во 14 часот во општина Струга на новоизбраниот градоначалник и на новоизбраните советници во Струга, ќе им бидат дадени уверенијата. Со тоа, и официјално Рамиз Мерко ќе ја презеде градоначалничката функција и ќе се конституира новиот Совет на општина Струга. На денешната седница, ќе им бидат доделени мандатите на 27 советници- 8 советнции од Алијансата на Албанците, 7 од СДСМ, 6 од ДУИ, 4 од ВМРО ДПМНЕ и 2 советници од БЕСА.Сите заедно, ќе дадат и свечени изјави.
