Се надградува и усовршува биохемиската лабараторија во Вевчани

Се надградува и усовршува биохемиската лабараторија во Здрaвствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ во Вевчани.

Надграден е системот на хематолошки бројачи, набавен е нов имунолошки анализатор, извршена е надградба и на лабараторискиот информативен систем. Сите лекари преку дигиталниот систем, веднаш ги имаат на увид резултатите од пациентите.

-Со сето ова многу ни е убрзана работата, добивме многу и во време и во квалитет. Можеме да ги услужиме пациентите на време, што е за нив најважно. Брзо да завршат работа и да добијат квалитетна услуга. Лабараториската дејност е една од клучните за воспставување на дијагноза и третманот на пациентот , токму затоа ние се трудиме постојано да ги следиме новите достигнувања во медицината во лабараториската дијагностика и затоа постојано набавуваме нова опрема, ја надоградуваме и усовршуваме онаа што ја имаме. Со цел постојано да сме во пресрет на пациентите и нивните потреби да ги задоволиме, вели Наташа Богоеска специјалист по медицинска биохемија

Во лабараторијата постојано има реагенси за сите анализи, па токму затоа на испитување доаѓаат и пациенти од Охрид и Струга, каде болниците имаат недостиг на потрошен материјал.

-„Пациенти имаме од целиот регион што го покриваме , но во псоледно време доаѓаат од Охрид, Струга, Ресен, Дебар постојано во континуитет, ни доаѓаат и од Македонски Брод, од Прилеп од сегде имаме пациенти , што ќе слушнат и сакаат брзо и квалитетно да добијат услуга. Работиме комплетна хематологија, испитување на крвна слика, седиментација, сите биохемиски анализи. Од имунолошки анализи работиме од маркери, хормони, фертилни и тироидни хормони, алерготестови. Се она што воглавном може да се работи во една лабараторија од наш обем како што е Здарвстевниот дом, дури и се носиме со големите лабаратории“, додава Богоеска.

Биохемиската лабараторија има доволно стручен кадар, дневно се прават во просек по стотина анализи.

„Имаме специјалист, биохемичар, двајца со висока лаборантска школа и шест лаборанти со кои успешно ја завршуваме работата. Покриваме и лабараторија во Лабуништа“, додава Богоеска.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани