Се одржа Матурската парада во Охрид

Околу 400 матуранти од средните училишта во градов беа дел од манифестацијата „Матурска парада“ што денес точно напладне се одржа на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид. На „Квадрилот“ што по традиција се игра   на штраусовата музика претходеше поздравно обраќање на градоначалникот Кирил Пецаков.

 

MEGA8326– Денешниов е ден на радоста, ден на убавината, на младоста, ден којшто означува крај на една и почеток на друга многу битна етапа од животниот   циклус на нашите матуранти.Познатиот танц на музиката на Штраус што неколку години по ред  се одржува на овој плоштад  е  официјално збогување со нашите ученици кои после четири години учење  заслужно ги добиваат дипломите за завршено средно образование.

После тешките предизвици и тажни моменти  со кои сте се соочиле во минатите четири години, овој животен круг го доцртувате  со добри успеси и резултати  носејќи со себе прекрасни спомени. Строгоста во училиштето беше подготовка за идните многу поголеми  предизвици  кои ве очекуваат. Се трудиме да  ги зацврстиме вашите темели пред да зачекорите на следната сцена  од животното патување. Денеска ми е чест да го изразам својот понос за вашите бројни достигнувања во четригодишното школување во различни области, секако и спортски успеси.

На сите Вас поединечно ви посакувам успех во иднина. Со голем ентузијазам и нескротлив дух реализирајте го сето она што сте го замислиле, а е од општо добро. Не е битно дали ќе го продолжоите своето образование или ќе изберете занает со кој ќе се занимавате во иднина. Битно е  сработеното да биде со љубов и желба. „Тајната на успехот во животот не е во тоа да се работи тоа што се сака, туку да се сака тоа што се работи“

Работете вредно и чесно, не скршнувајте од патот и никогаш не се откажувајте од своите соништа. Сонувајте, затоа што   соништата  секогаш се исполнуваат на оние кои се вложуваат да ги реализираат. “Оние кои се доволно луди да мислат дека можат да го променат Светот се оние кои го прават тоа.“

Во животот, разликата помеѓу успехот и неуспехот помалку или повеќе се должи на храброста. Никој не успеал без труд и напорна работа. „Човекот не може да се искачи по скалилата на животот со рацете в џеб“ .

“Замислете дека имате автомобил кој ќе ви биде единствен за цел живот. Се разбира дека ќе се грижите за него, ќе му менувате често масло, ќе го возите внимателно. Сега замислете дека телото и умот се единствените кои ги имате во текот на целиот живот. Затоа се грижите за нив. Главната предност на луѓето се самите тие. Затоа инвестирајте во себе. “

Во историјата на нашите училишта има  добри и лоши  случки, но убавото е што секогаш победува разумот, другарството, а уште поубаво е што сето тоа се зачинува со вашите успеси на државните и регионални натпревари на кои сме особено горди.

Денешнава е наша  последна  официјална средба, топло ви порачувам секогаш однесувајте се добро и не дозволувајте никој да го наруши вашиот интегритет кој така внимателно го негувавте изминативе години. Бидете љубезбни и великодушни  кон луѓето околу вас.  “Успешните луѓе секогаш бараат можност да им помогнат на другите. Неуспешните луѓе секогаш прво прашуваат “А јас што ќе добијам од тоа? ”

Сонувајте големи сонови и бидете оптимисти со што и да се занимавате во животот.

Ве  поздравувам и ви ја посакуавам сета среќа  во деновите што се пред Вас. Нека ве благослоби Бог– рече градоначалникот Пецаков.

Точно на пладне  манифестацијата  „Матурска  параада“  се одржа и во неколку други градови во државава и во 50 градови од земјите во Источна и Централна Европа.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани