Се одржа саем за вработување во Охрид

Денес во Охрид на плоштадот покрај ТЦ Амам, се одржа саем за вработување на кој учество зедоа 10-на компании од Охрид.

Настанот имаше за цел остварување на непосреден контакт на невработените лица со компанииите кои нудат работа, при што активните баратели на работа имаа можност да се претстават пред компаниите и да пополнат формулари кои понатаму би се зеле во предвид во пополнувањето на слободните работни места. На ваков начин невработените лица имаат можност да се информираат за слободните работни места на пазарот на труд.

На саемот учество зедоа компании од различни категории, претежно од угостителскиот и производствениот сектор, се со цел овоозможување на богата понуда за што поголем број на профили и струки.

Покрај тоа, саемот овозможи поврзување помеѓу доставените креативни идеи и предлози за развој на нови производи и услуги како понуда од една страна и компаниите кои би ги поддржале истите во насока на развој на сопствениот бинис. Саемот го поддржаа и Агенцијата за вработување на РМ, како и двата факултети од Охрид – ФТУ и Факултетот за Информатичка Технологија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани