СЕ ОДРЖАА СЕДМИТЕ „СТРУШКИ КНИЖЕВНИ СРЕДБИ“

Четириесетина поети од земјава и странство учествуваа на меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби“2017 што по седми пат се одржаа од 6 до 8 јули во Струга,Охрид и Вевчани во организација на културниот центар „Бран“и меѓународната ревија на книжевност „Бранувања“.

На манифестацијата учествуваа писатели од Македонија,Албанија,Србија,Германија,Бугарија,Босна и Херцеговина,Хрватска,Црна Гора,Русија …,меѓу кои и добитниците на наградите „Книжевна далга“-академик Ристо Василевски ( Србија),„Струшко слово“-Мујо Бучпапа (Албанија),Жарко Милениќ ( Б и Х )Панде Манојлов ( Македонија) учество зедоа и учесниците добитници на годинешните награди „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“Стефан Маркоски и Зоран Јакимоски.

Организаторот – уредникот на Бранувања“Петко Шипинкаровски информира дека на мостот на Вевчанските извори се одржа „Поетски хепенин“каде што беше претставена современата поезија на Србија со поетите,Александар Чотриќ,Славица Пензаровиќ –Мастиковска,Ружа Мијовиќ Сориќ,Билјана Миловановиќ Живак,Новица Сврлиќ и Ристо Василевски. На поетскиот хепеник „Езерски импулси“беше доделена и наградата „Книжевни бранувања“за најдобра прочитана песна.

Беседа за македонската поетеса Костадинка Коца Ѓорѓевска која живее и твори во Германија,одржа истакнатиот публист Мишо Китаноски.Во рамките на програмата во библиотеката „Григор Прличев“во Охрид беше претставен портрет на српскиот поет и сатиричар Александар Чотриќ,а беа промовирани книгите и списанијата на добитниците на наградата „Струшко слово“за 2017 ,Мујо Бучпапа од Албанија,Жарко Милениќ (Б и Х ) и Панде Манојлов од Македонија. Промоцијата која се одржа во ресторанот „Виа Игнација“ во Вевчани насловена „Поетски пулсирања под небото на ВИА“.

Текст и фото : СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани