Монетите откриени на Плаошник во монографијата на Сања Битрак

Охрид бил главен монетарен центар на Балканот.  Уште во антички Лихнид  се ковале најзначајните монети.

Ретките  и исклучително вредни кованици  пронајдени на локалитетот Плаошник, кои денес се чуваат во охридскиот музеј,  потврдуваат дека во охридската ковница  се ковале  монети уште во античко време.

277 примероци на монети кои се откриени при истражувањата на Плаошник од 2001 до 2010 г  се анализирани и забележани во новата монографија  „Монетарна циркулација на локалитетот Плаошник во рисмкиот период“, на нумизматичарот Сања Битрак.

-„ Тие  монети се доста значајни за нас како култуно наследство тие се наоѓаат тука во музејот во Охрид. 01 15 Тие потекнуваат од 31 г пред наша ера па се до 337 од нашата ера. Односно од времето од владеењето на Август па се до Константин Први Велики“. вели Сања Битрак  археолог нумизматичар.

Стар Охрид имал своја ковница уште во хеленистичкиот период , пронајдени се два уникатни нумизматички примероци, кои потврдуваат дека градот бил моќен екномски и монетарен центар.

– „Охрид влегува во картата на антички градови на Балканот, кои имаат свое монетоковање нешто што ни покажува за независноста на луѓето кои живееле, економската независност и  нивната моќ“ , вели Перо Арчанлиев од Археолошки музеј на Р Македонија.

Охрид  располага со богата нумизматичка збирка,  со археолошките истражувања  пронајдни  преку  дваесет илјади монети,   кои се исклучително вредни и  го збогатија фондот на музејот на градот Охрид. 

Вчера во куќата на Уранија беше промовирана првата монографија на археологот нумизматичар Сања Битрак, на која работела шест години. 

Новинар Соња Рилковска

Kанал 5 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани