Се санира плоштадот кај „Мини маркет“

По налог на Општина Охрид екипи на јавните претпријатија започнаа со санација на плоштадот кај „Мини маркет“ кој подолг временски период беше неуреден и запуштен.

 

Се врши темелно чистење на целиот потег, се спроведуваат градежни активности за промена на оштетените гранитни плочки и се врши поправка на фонтаните за вода.

Според планираното, во текот на наредните денови ќе се изврши санација на урбаната опрема, а ќе бидат поставени нови клупи за седење и корпи за отпадоци. Исто така, ќе биде извршено соодветно хортиклутурно уредување на зелените површини со нови цветни насади и зеленило.

Овие активности се во насока на враќање на првичниот изглед на плоштадот и негово ставање во функција за граѓаните, како место за одмор и релаксација.

 

Social profiles