Се судрија автомобил и автобус

Се судрија автомобил и автобус на патот Струга Дебар.

На 21.11.2025 во 11:20 часот, на регионалниот пат Струга- Дебар, во близина на Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од К.Ќ.(70) од селото Велешта, струшко и автобус „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Н.Ф.(42) од селото Лабуништа, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од автобусот Ф.А.(58) од Лабуништа, констатирани во Медицинскиот центар Струга. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга, информираат од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани