Владата целосно ќе ја укине забраната за продажба на алкохол во вечерните часови.
Со новото законско решение што го предлага Владата, алкохолни пијалоци ќе може да се купуваат во секое време но не и на бензиските пумпи. Дали ќе го има и на киосците, зависи од интересот на трговците кои може да интервенираат во предложениот текст. Според Министерството за економија, законот е објавен на тендер и наскоро ќе се најде во собраниска процедура. За трговците остануваат задолжителните лиценци.
