Александар Маленко останува претседател на Пливачката федерација на Македонија.
На вчера одржаното вонредно собрание на Пливачката федерација на Македонија, 15 делегати со право на глас едногласно го реизбраа за претседател.Вонредното собрание беше одржано по барање на Иницијативниот одбор за смена на Маленко поднесена од петнаесет клубови кои, сепак не се појавија на собранието.Покрај гласањето за претседател, на вонредното Собрание беше изгласан и Управниот одбор на федерацијата составен од Александар Поповски, Томи Стефановски, Момчило Антевски, Данило Мициќ, Горан Стојановски, Александар Филипчев, Владмири Пејковски и Александар Кирацовски.изгласан беше и Надзорен одбор во состав: Благој Симоновски, Александар Наковски и Методиј Петров. Беше формиран и технички комитет од стручни и искусни тренери кои ќе имаат задача да произведуваат и да ги усовршуваат младите тренерски кадри.