Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ интензивно работат на уредување на зелените површини од банкините и тротоарите на потегот од бензинската пумпа кај Билјанини извори до хотелот „Инекс Горица“.
Акцијата се реализира во соработка со Агенцијата за државни патишта којашто е надлежна за одржување на регионалниот пат Охрид- Св. Наум и истата продолжува и утре.
Во текот на вчерашниот ден охридските комуналци го расчистија овој патен правец од расфрланиот комунален отпад.