Седми ден од потрагата по исчезнатиот 72 годишен Марк Јорис од Белгија.
-Лицето последен пат е забележано во атарот на с.Лакајца, струшко, на 18ти септември како се движи по позната патека High Scardus Trail и очекувано е да помине низ Вевчани, Охрид и НП Галичица се до манастирот Св.Наум, каде што завршува последната етапа од патеката. Замолуваме доколку некој го забележи или веќе го има забележано во изминатите денови, да ја сподели информацијата со операторите на 112 или да пријави во најблиската полициска станица, индормираат од Националниот сојуз за планинско спасување.
Од СВР Охрид информираа дека е извршена потрага и со дрон но нема траги.
-На 18.09.2024 од амбасадата на Кралството Белгија, пријавено е дека исчезнал Ј.M.(72) од Белгија. Според пријавеното, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар (Битуше) и на север кон Албанија, но се уште не се знае дали лицето се упатило на планинарење. Со помош на дрон, извршена е потрага и опсервација на теренот, но лицето не е пронајдено и не се пронајдени предмети и траги кои укажуваат на присуство на лицето на наведениот терен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.