Од денеска до недела 22 септември во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ ќе се одржи седмото издание на Меѓународната уметничка колонија ТРПЕЈЦА 2024.
Годинава на колонијата ќе учествуваат уметниците: Нина Тодоров и Владисав Богичевиќ од Ниш, Данчо Ордев од Скопје, Николаос Тамоутселис од Лерин и Наташа Попоска – Карче и Ѓоко Симјаноски од Охрид.
По традиција тие ќе творат во просториите на Подрачното основно училиште „Наум Охридски“, а ќе се дружат и со ученците од Пештани и Трпејца, со мештаните, но и туристите.
Уметничката колонија е под покровителство на Општина Охрид