Со нова Стратегија земјава ќе се справува со кризните состојби

Со нова Стратегија земјава ќе се справува со кризните состојби. Владата  заедно со општините и останати инволвирани институции ќе работат на изготвување на  Стратегија за управување со кризи со цел  поподготвено и поефикасно справување со пожари и други елементарни  непогоди, После големиот број пожари ова лето надлежните седнаа на маса. Ќе се работи на подобрување на Системот за управување со кризи.  Новото системско решние може да биде  спојување на Дирекцијата за заштита и спасување со Центарот за управување со кризи но и тоа, како што велат, надлежните  нема да биде конечно решение за да профункционира системот. Новата стратегија се работи неколку години.

-“Проблемите се во нефункционирање на системот. Летниве пожари се всушност огледалото на државата којашто нефункционира како што треба и затоа треба да се трансформира тој систем 2 36. 03.17 „Првиот чекор ќе биде да бидеме максимално подготвени за следната година, да исклучиме било каков ризик од нешто слично што се случи ова лето. Затоа во следниот период покрај оваа Стратегија ќе треба да се изменат отприлика 10 па и повеќе закони, да се изготви нов закон за пожарникарство, да се прошират институциите кои ќе бидат вклучени во системот 04.00 “, смета Димовски.

Според надлежните во Македонија драстично е намален сточниот фонд па нема искористување на просторот предвиден за пасишта а високите треви се иницијалната причина за појавата на пожарите, а проблем претставува и недисциплинираното и неодговорно слободно движење низ шумскиот појас како и недоволната превентива. Македонија располага со 3 ер-трактори од кои само еден е во функција а останатите два треба да се сервисираат и неколку хеликоптери од Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана. Според надлежните  овие воздухоплови се доволни за да помогнат во гасењето но нема пилоти кои можат да ги управуваат.

Градоначалникот Пецаков рече  предизвикот, борбата и справувањето со пожарите покажа дека се потребни законски измени за вклучување на одредени институции или нивно спојување

– „Заклучоците кои ќе произлезат на нас како Локални самоуправи се важни, затоа што противпожарните единици се дирекно контролирани од самите Општини и се клучни во гасењето на пожарите. Ќе придонесат на полесен начин да се справуваме со сите предизвици а и не само со кризи како што е пожар туку и секоја друга криза која може да не снајде како држава. Општината секогаш издвојувала средства за ТППЕ, од буџетот за наредната година ќе бидат издвоени дополнителни средства за набавка на дополнителна опрема за противпожарната единица “, изјави Пецаков.

 

Општина Охрид во изминатите 2,5 години набави доволен број возила и опрема а целосно комплетирање на Противпожарната единица се најавува за следната година.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани