Три викенда по ред МВР заедно со инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП) и Државниот пазарен инспекторат вршат рација во угостителски објекти во повеќе градови низ земјава.
Последната контрола овој викенд беше во Скопје, Тетово, Велес и Струмица. беа извршени контоли во вкупно 33 угостителски објекти, од кои 15 на подрачјето на Скопје, три во Тетово, осум во Гевгелија и седум во Кавадарци.
Биле приведени 13 девојки, граѓанки на Албанија, за злоупотреба на туристички престој во Република Македонија и нерегуларно вработување. Покрај ова, приведени се 16 лица, од кои тројца македонски државјани, заради пронајден нож и утврдување на идентитет.
При извршените контроли во објекти на подрачјето на СВР Скопје издадени се две решенија за забрана за вршење на угостителска дејност во траење од 30 дена и едно решение за забрана за вршење на угостителска дејност во траење од 10 дена.
Во Охрид и Струга досега немаше рации во угостителските објекти.
