Трибина по повод годишнина од АВНОЈ

Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941 – 1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, по повод 74 годишнината од Второто заседание на АВНОЈ од 29 Ноември 1943 година, ќе организира историски час.

 

Настанот ќе биде на тема “Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава”. За овој значаен настан ќе зборуваат претседателот на ОО на СБ Охрид и Дебрца – Гоце Георгиески и Наце Иваноски професор по историја.
Трибината ќе се одржи на 29 Ноември (среда) во Големата сала на општина Охрид, со почеток во 11:00 часот.
Ви благодариме на присуството.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани