Семејствата на бранителите летуваат во Охрид

Во одморалиштето на Министерството за внатрешни работи во Охрид изминатите денови летуваа деца, родители и членови на семејствата на загинатите припадници на вооружените сили.

По тој повод вчера (29.06.) беше органзирана заедничка вечера на која што присуствуваа и претставници на раководството на Министерството за внатрешни работи, а во чест на гостите кои што се традиционални посетители на полициското одморалиште во Охрид неколку години наназад

Во таа пригода, Тони Ангеловски портпарол на Министерството за внатрешни работи, поздравувајќи ги присутните во име на министерствотото и во име на министерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски, – истакна дека: “вие со полно право, сте го имале и ќе го имате третманот на почесни гости со кои, меѓу другото, заедно го споделуваме споменот и сеќавањата на нашите колеги а ваши најмили“.

Инаку, и годинава околу 120 деца и членови на семејствата на наши загинати припадници на вооружените сили во два термина престојуваа во одморалиштетот на МВР во Охрид а таквата традиција ќе продолжи и во наредниот период.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани