Започна ограничување за пловидбата на скутери и чамци низ езерата

Од денеска почнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија.

Согласно одлуката на Владата донесена пред пет години,забраната за движење на скутери е на сила од 1. јули до 31. август е во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранскотот Езеро.Чамците, освен за тие кои вршат такси служба, не смеат да пловат од 21 до 05 часот.Ограничувањата за пловидба на скутерите, според капаетанот на Капетанијата Горан Устијаноски, се за безбедност на капачите, на учесниците во пловидбата и се подигнува безбедноста на пловидбата.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски вели дека и ова лето ќе има засилени контроли на охридската полиција во соработка со Капетанијата и Езерската полиција по водите на Охридското Езеро. За поголема безбедност на Охрисдското и Струшкото крајбрежје, тој посочи дека ќе има постојани контроли на копно и покрај плажите.За непочитување на одлуката на Владата предвидена е глоба од 800 евра.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани